Понесена од силината на тажните емоции кои ме преовладаа цел период на изминатата година, ме поттикнаа да напишам песна која ќе остане спомен за мојот близок пријател Џоле (Ѓорѓи Стефановски, 28). Тој прерано го напушти овој свет погинувајќи во собраќајна незгода.
Многу драги спомени, многу мигови поминати заедно и многу искуства споделени од мотo светот се преточија во песната ,,I know we’ll meet again”. Во самото видео се споделени лични информации, фотографии и за прв пат се направи изложба на уметничките дела кои ги нацртал лично тој.
Во видеото е претставена куќата на Широк Сокак 61, во која по негова заслуга сеуште творам јас (Robevski Luxury Rooms, Anastasija Center, Center – Lounge & Fresh Bar, музичкото студио Welcome to Stefanja’s Music World, каде беше снимена песната) и Astra Casino, каде тој беше менаџер. Нашата заедничка сторија се преточи во музички продукт кој беше целосно спонзориран од генералниот спонзор Novomatic groups of compainies, негови блиски пријатели и соработници, се со цел да остане еден спомен кој ќе биде емотивно сеќавање за неговиот живот.
Промоцијата на песната беше направена во Center-Lounge & Fresh Bar на 09.06.2018 година, дата на неговиот роденден, која беше симбол за неговото огромно срце, за забавите кои ги организираше за дружење со најблиските пријатели.
За само 3 дена од промоцијата на песната, од овој свет замина мојот најстар брат Игор, кој 38 години херојски битуваше во тело со хендикеп.
Церебрална парализа и 100% оштетување на мозокот, со попреченост на говорот и движењето. Симболот за безрезервна љубов. Мудрецот кој ме научи да сакам бескрајно и да споделувам безрезервно. Дa го ценам животот и да сум благодарна за тоа што го имам , за сопстваното тело и разумот кој го поседувам. Духовноста ми ја издигна на пиедестал затоа што единствна комуникација беше спојот на нашите души.
Со песната ,,I know we’ll meet again“ несвесно го навестив овој момент…
Содржината на последната издадена песна ни најмалку не помислив дека ќе стане химна за сите што не напуштиле и заминале на другата страна.
Симболично е тоа што текстот одговара на особините на двајцата Игор (38) и Џоле (28), затоа што тие, според мене и тие што добро ги познаваа, беа симболот за Љубов. Ја користам оваа прилика да го освестам чувството кое се јавува на духовен план после смртта. Затоа што свесно тврдам дека ме чуваат од другата страна, но додека сме тука на земјата во материјална форма треба да се почитуваме и максимално да си помагаме, посебно со најблиските. Затоа што откако ќе не напуштат, единствен линк ни е духовноста или говорот на душите. Но без разлика на формата ние од секогаш сме знаеле дека со нив сме биле сродни души.
Како сестра и пријателка која загубила, Благодарна сум што со музиката можам да ги раскажам чувствата тогаш кога ми е најтешко и да допрам и до другите повредени срца за да ги излекувам…
Со љубов,
Стефанија
Нејзиното видео тука