Репрезентацијата пристигна во Битола: Најпрвин кафе на Широк Сокак се разбира…

од October 24, 2018 0 коментари

Ракометарите добија слободно попладне од својот селектор, и истото го искористија со кафе и дружба на Широк Сокак.

Вечерва, во салата „Боро Чурлевски“ која е целосно подготвена за нов ракометен спектакл, се планира да се одработи и последниот тренинг пред дуелот со Турција, кој ќе започне од 17:00 часот и ќе биде од затворен карактер.

Натпреварот против турската селекција се игра утре од 20:15 часот, а веќе в недела Македонија во Кожани го игра вториот натпревар од овие квалификации, против Грција.

Извор Гол.мк

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *