Македонската ракометна репрезентативка Мирјета Бајрамовска му кажува збогум на ракометот на натпреварот против Шведска во СРЦ „Кале“, а пред дуелот, доби подароци од ракометарките и Ракометната федерација на Македонија (ФФМ).
Бајрамовска, која има 33 години, по крајот на оваа сезона ѝ става крај на клупската и репрезентативната кариера. Зад себе таа има успеси и настапи како во домашни така и во европски клубови.
Низ кариерата битолчанката настапуваше за Кометал ЃП, Елпида Драмас (Грција), ЖРК Металург, Алканте (Шпанија), Крим (Словенија) и ЖРК Вардар. За Македонија таа има 53 настапи и
83 гола.
Извор Гол.мк