Еден век подоцна, двајца патувачи, придружувани од водичот Петар Нолев, со магаре и мазга, ќе појдат по патот на борците на Македонскиот фронт од 1916 година: 240 километри пеш, од Битола до Солун.
12 дена низ рововите на Македонскиот фронт, но и по стапките на Роберт Луис Стивенсон („Патување со магаре низ Севените“, 1879 год.) и поезијата на Френсис Џејмс (1868 – 1938). Патувачите ќе водат дневник во којшто ќе ги опишат најсилните мигови, доживувањата и историските случки по трасата.
Двајцата патници се Емануел Рембер, дипломат и автор на „Шапката на Баренц“ (ед. Magellan et compagnie, 2009), „Немирни денови во Либија“ (ед. Equateurs, 2014) и „Лотарингија“ (ед. Pierre-Guillaume de Roux, 2017), и Емануел Ешт, новинар (Les Echos, l’Express) и издавач (ед. „Perrin“).

„На магаре долж линијата на Македонскиот фронт“
Недела 3 јуни 2018, 9 часот Француски гробишта во Битола

Повеќе информации:
http://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/4196