Мирјана Јанкуловска е битолчанката која веќе 20 год. наназад рачно и со голема љубов ги изработува нејзините волшебни креации.

Родена во Битола на 13 септември 1970 г. каде и живее бидејќи како што ни кажува дека “Битола си ја сака” и за неа “Битола е само една -бабам Битола, каде се живот живее”…

Самата е горделива на себе бидејќи од обичен конец или свила, а многу ретко и од вуница рачно изработува некоја креација која ја остава без здив.
Најинтересното и за неа и за нас е тоа што нејзините креации една со друга никогаш не се исти. И повторно да сака истата да ја направи, нема да можи, бидејќи секогаш добива нови идеи.
На нејзината фејсбук страна MIKI -Creations Мирјана Јанкуловска со сите нас е споделено само тоа што од нејзините вешти раце е лично рачно изработено…

“Слободно ќе кажам дека многу од моите креации ги чувам дома, затоа што во нашава Македонија рачната изработка не е ценета и не е доволно платена” – дополнува Мирјана.

“Кога се изработува со љубов секогаш е најубаво. Интересното од сето ова е тоа што сите креации ги изработувам на чингелаќе, а со иглици незнам да плетам. Искрено и самата незнам колкава е бројката на досегашни мои изработки, затоа што имам и многу други работи кои не се објавени…

Имам плетено многу прекривки за на маса, тишлајфери, англиња и многу други работи кои за жал сега кај нас викаат дека им поминала модата. А модата на рачната изработка никогаш не поминува за тие што ја знаат вредноста”- за крај ни напиша Мирјана Јанкуловска.

Мора да признаеме дека во целост е задоволен нашиот префинет вкус и ако би ги оценувале нејзините рачно изработени креации би дале чиста десетка. Разгледувајќи ги една по една не треба многу за да забележиме дека кога се изработува со љубов навистина секогаш е најубаво.

Браво Мирјана, секоја чест и Ве поздравуваме.

Нејзината фејсбук фан страна MIKI Creations Мирјана Јанкуловска