Честит Ден на ослободување на Битола
Преку фотографиите од параглајдингот и летот со цесна над Битола, до замрзнатото Големо езеро на Пелистер и текстот кој е намерно на битолски по повод денот, сакам да им го честитам празникот на битолчани и да ги информираме од другите градови што се може да се прави додека сте во Битола.
Пс има многу за читање:).
Ако одам во Битола,
ќе прошетам по Широк Сокак….
Ех и тоа како, ќе се чекам со пријателите кај Епинал или Краш и турата почнува. Од здраво, шо прајш, кај си шо те нема со стотици луѓе до барање маса кај да се седни па Пајтон, па Јагода.. Шо е ова гужва маса да не можело да се најди. Еј брат станвате? Алал да ти е, арно шо се најдовме.
Пајтон ако нема место, одиме Епинал ама пак се враќаме во Пајтон пошо дозата на кафе мора да се задоволи (цел ден цел ден :).
Буре на топено сирење, Џез на по уште една, ГТ сте? абе аман само шо седнавме Интермецо. Ај да допиеме тука идиме чувајте место.
Шемата во Битола секој со секој се знај, брат ти е и машко и женско.
(сега арно фб имаме да видам шо се случва на најфешн улицата:). Еј да ви љубоморам на тие шо сте сега во БТ ми се пие кафе на Широк Сокак.
Ама не само то.
Ми се шета низ чаршијата, ми се впива духот на старата архитектура, фала богу де ќе се застани пак на кафе во Бар чаршија, плус ако си со гости странци па ко ќе им нарачаш турско кафе па цела историја има да му ја раскажиш дури се прашва зошто кафето со талог го пиеме:), нека се прашва.
Значи кај застанав? А да.
Ми се вози точак низ градот со критичните (сите сме денес критични ама ова е друго нешо)…
Ми се игра со лисјата во паркот, тоест ко оној лабрадорот од видеото сакам да се џитнам во лисјата.
Ми се оди до Тумбе кафе, ми се оди до Хераклеа (абе аман луѓе фала богу штиклите ќе ги сменам со патики да не мислевте ќе ом и до Антена со нив:).
Ех Антена (не телевизиската дома, си имаме поуба и позначајна:).
Значи ми се вришти колку ми се оди на Пелистер, значи не мом поќе значи пукнав. (тешко на странците шо ќе сакат да го translate ова:)))
Овде ок има планини( 600 до 1000 метри:)), ко подножјето на Пелистер али ок:).
Абе најубав ни е, не знам дали сте свесни.
Па тој мирисот на Молика, па воздухот убајни, ми се пентери до Копанки, Јоргов Камен, Видиковец, Ловечка, Антена, врвот Пелистер, Големо езеро, ах.
Ми се зјапа во преубајте пејсажи, ми се разбудва со мирисот на планински чај на езера или Ловечка. И пак ми се зајдува од зјапање во пелистерските убајни (знам дека планината е Баба, тенкс Керол шо ме просветли).
Ми се оди после то во Шумски фенери и ми се пие вино до каминот онаа масата (моја резервирана дури сум таму да си знајте:).
Види ми се оди и во Расчекор ама сега клубојте не работат (и Расчекор ни е најубав).
И ми се лета со параглајдер од Антена( слики ви продолжение) со летечките конзули и ми се лета со панорамскиот лет над БТ и ми се оди на театар па во бифе и ми се пие розево вино и жолта пошто го имат најубајот вкус таму..
И ми се оди во Белведере за пак да зјапам во сатот од таму и во Централ да ја завршам дневната доза на кафе.
Кој го прочита ова алал да му е:).
Накратко (хааа 😆), сликите се дел од нашата Битола: Панорамскиот лет со Игор Божиновски, параглајдингот од Антена, чекорењето по замрзнатото Големо езеро, врвот Пелистер.
Мои битолчани и битолчанки, да ни е честит Денот на нашата Битола.
Да си ја чуваме, мазиме и пазиме оти една ни е.
Не за џабе е стихот:
Многу градови, села пројдов,
како тебе Битола нигде не најдов…
Бооо знам долг текстот, ви го скратив времето за кафе:), ама вервајте ко ќе сте далеку од неа, секое стихче, песна низ светот ве потсеќат на неа, ви се закачват за срцето и ве потсеќат на нашата една и најуба Битола.
Честит празник граду мој ❤️
Еј да сакам да се качам на сатот и сакам да се сликам со новиот знак таму пошо ми е стварно кул.