Битолско минато

Со Пет(ар) во Пет(ок)

Петар Ставрев

Специјално за Бабам Битола

Во изминатиот период многу битолчани во колективни или индивидуални спортски натпреварувања ги докажаа своите вредности. Со постигнатите резултати ги афирмираа ангажирањата на многу свои колеги и граѓани, кои може да се гордеат што на извесен начин не заостануваат зад постигањата на многу афирмирани спортисти. Некои од нив и преку контактите со светски познати спортски ѕвезди придонесоа за афирмација на својот град.

Шахистот Борче Илиевски има одиграно реми со светскиот шаховски првак Боби Фишер, која според стручни мислења партијата Борче можел и да ја добие.

Борче Илиевски со Боби Фишер

Фудбалерот Драган Канатларовски како играч и тренер ги има нашироко потврдено своите квалитети за кои сакаше даго информира и познатиот Пеле,

Драган Канатларовски со Пеле

а пак Томче Трајановски-Томасо фудбалер и тренер на неколку екипи беше и репрезентативец но своевремено имаше пријатна средба со германската фудбалска легенда Франц Бекембауер.

Томче Трајановски со Франц Бекенбауер

Александар Филипов-Попето некогашен фудбалер и технички секретар на Пелистер со Драгослав Шекуларац се обиде да му ги предочи сите убавини на Битола со која се гордееше како и Шеки кој неизмерно го сакаше својот својот роден град Штип.

Попето со Шекуларац

Спортскиот новинар Зоран Мишевски следејќи голем број натпревари на битолските екипи и поединци имаше незаборавна средба со познатиот шпански тренер и селектор Висенте Дел Боске.

Мишевски со Винсенте Дел Боске

Имало и други вакви средби на битолчани со познати спортски ѕвезди кои придонесле за нивно запознавање со севкупните постигања на своите спортисти и сограѓани.