Битолчани се присутни и во Амстердам, Холандија каде заедно со многубројните македонски навивачи денеска ќе ја бодрат репрезентацијата на Македонија во мечот против Холандија.

Имено репрезентацијата на Македонија која за првпат учествува на едно Европско првенство, против Холандија има одиграно 4 натпревари. Репрезентацијата на Холандија има извојувано 2 победи, а 2 средби завршија без победник.

Никаде без битолчани. Голем поздрав до нив и се разбира НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!