bsh

Дека многу од Пелистер останува мистерија покажува фактот што колку и да сака цел да го запознае сепак тоа не е можно за еден животен век. Целата планина изобилува со водопади, зеленило и шумски жив свет, со историја од Првата светска војна, бункери, митралески гнезда, ровови и земуници.

Една убава, блага и пријатна планина достапна за сите нас на само 13 км. од нашиот град, со над 20-тина врвови повисоки од 2000 метри, леднички езера, реки, вода и чешми што доколку сте искусен планинар знаете каде да ја пронајдете по патот, каде да се освежите и оладите. Мирисот на моликата, безбројните шумски јаготки, боровинки, малинки, шипинки се само дел од менито кое е достапно за сите нас, печурки врган, лисичарки и по некој тартуф.

Од Пелистер ја добиваме водата која ја имаме во нашите домови, реката Драгор која го разладува центарот на градот и Курдерес, сега поток кој е на крајот од старата касарна.

Многубројните водопади кои вреди да се доживеат се наоѓаат на помалку достапни места, како што во оваа мала репортажа ќе Ви преставиме еден дел од нив и нивната убавина.

Мирот, цвркотот на птиците и миризбата на моликата се трите работи кои му даваат дополнителна убавина на ова место кое е многу малку посетено од љубителите на височините. Водата е живот, а животот ни го подарува Пелистер како што си го нарекуваме ние , или нашата Баба планина.

Голема благодарност до Петар Ставрев.