Битолчани на 20ти Февруари ја отворија сезоната за капење на популарното капалиште Капејнци кое е лоцирано во близина на битолското село Дихово.
Капењето со ладна вода е поврзано со јакнење на имунитетот.
Имено, ладната вода го зголемува бројот на бели крвни зрнца кои се директни заштитници на имунитетот и не дозволуваат организмот да настини или да заболи од грип.
Исто така се стимулира така наречената „плава точка” во мозокот со што се поттикнува произведувањето на норадреналин, хормон кој ја намалува депресијата. А тоа е заприметливо на фотографиите кои ни ги испратија оваа ретка врста на битолчани како Горан и Роберт.
п.с. Поздрав и до Менде Гибнатио од Фчерашни од неговото омилено капалиште