ПСК Пелистер во повоениот период друштвото останува водечка планинарска организација во Република Македонија. Тоа е организатор и на првиот ски-натпревар во ослободена Македонија, одржан во февруари 1945 година.
Според Ицо Попов, еден од првите членови на ПД „Пелагонија“, на иницијатива на Боро Алтипармак во Битола бил повикан ски-учител од Бугарија, Тоа бил Петар Ковачев, првак на Бугарија во скијање, кој одржал курс за алпско скијање за битолчани. После курсот имало натпревар кое се одржал на 04.02.1945 год. на потегот од врв Пелистер (пирамида) – Мало Езеро – Ниже Поле – Дихово – по текот на Драгор – Довлеџик – Црн мост – Кино „Балкан“.
Ученсници на натпреварот, од лево кон десно: Гого, Саќа, Пеце, Васко, Цанцуро, Салепо, Перо, Ицо Попов, учителот Петар Ковачев, Ѓорги (Јорго) Попов, Златан, Кире, Спирко и Боре.
Големата активност не остана без резултати. Со помош на пошироката заедница, ПСК „Пелистер“ ги изгради планинарскиот дом „Копанки“, домот „Димитар Илиевски – Мурато“ на Големо Езеро, жичницата и лифтот на ски-центарот „Копанки“, а од неговите редови излегоа најголемите имиња на македонското планинарство и скијање.
Горе, од лево кон десно: Сашо Атанасовски, Панде Димитровски, Татјана Илиевски.
Извор ПСК Пелистер.