Најпрестижниот балкански музички магазин Третиот свет, секоја година ги одбира најдобрите албуми од Балканот, па така и овојат на листата на најдобри се најдоа 30 џез албуми. Она што е значајно е што за прв пат на оваа листа имаме битолчанец и тоа професорот Сашо Поповски и воедно шеф на џез катедрата при универџитетот во Штип, чиј албум со неговото трио Gathering, се најде на листата на 30 најдобри џез албуми од Балканот.

Јazz fortnight беа задолжени за дигиталното објавување на албумот.

Одличен состав кој својот етно џез стил го гради потпирајќи се врз модерната креативност. Оова трио изведува традиционален и афрички стил на џез. Поповски, виртуозот на гитара, е доцент на џез катедрата при универзитетот во Штип-пишува во Третиот свет.

Во триото покрај Сашо Поповски се и Иван Бејков на бас и Виктор Филиповски на тапани.

Во меѓувреме интензивно течат подготовките за годинешното издание на интернационалниот Џез фактори фестивал во Битола, кој веќе доби покана за соработка со фестивалите во Бачка Топола и Суботица, како и Петровац џез фестивалот.

Во листата на најдобри балкански албуми на магазинот Третиот свет покрај албумот на Поповски трио, се најдоа и албумите на српската група Naked, кои неколку пати ги промовираа своите албуми во Битола, потоа албумот на Васил Хаџиманов и Душко Јевтиќ кои гостуваа на првото издание на Џез фактори фестивалот, албумот на Васко Атанасов, Радојка Шверко и други.

Неодамна ова трио успешно ја претстави македонската џез сцена на интернационалниот џез фестивал во Кикинда, со кој фестивал Џез фактори фестивалот кој го имаше своето прво издание минатата година, а го раководи Поповски, има потпишано меморандум за соработка и размена на музичари, а потоа своето успешно претставување го продолжија на српската турнеја во Белград, Ниш и Крушевац каде ја освоија тамошната публика.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here