• Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа,
  • Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник, што е 300 години пред ренесансата во Европа,
  • Да го имаш Богомилското движење како прво протестантско учење во Европа 6 века пред другите слични движења,
  • Да го имаш Курбиново со фреската Ангелот од Курбиново стара 900 години, кој го има во истоименото село и само во црквата Равена и никаде на белиот свет на друго место,
  • Да ја имаш Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња,
  • Да го имаш Галичник со уникатните зографи и ремек делата од дрворези на тамошните мајстори,
  • Да го имаш Танец со Тешкото, Драчевка, Малешевка, калајџиско и други ора и песни со ритам 11/8 за кои светот станува со овации и се чуди
  • Да ги имаш најубавите народни носии и шари,
  • Да го имаш Делчев со најпрогресивната реченица на овие простори,
  • Да ги имаш Мисирков, Рацин, Конески, Анастас Коцарев, Петре М. Андреевски, Стефановски Горан и Влатко, Ацо Шопов, Гане Тодоровски….
  • И уште колку многу имаш мој народе!!!
  • И да седниш со Бугарите да се расправаш дали сме Македонци и од кога сме тоа.
  • Е треба да имаш некој синдром на самоуништување и да не се цениш воопшто себеси.

Методија Атанасовски доктор на технички науки и редовен професор на Техничкиот Факултет во Битола