АвтопатО да има четири патарини и таја да ја плаќат сите останати освен битолчани. За прилепчани пола цена.

Дозволена брзина да биди за битолчани 120 км час , 80 за другите и само 50 за мафијашите прилепски со црни бемвиња.

Да има од секоја страна по 3 ленти, двете за битолчани а таа на крајо десно за сите други од Македонија.

Кај Тополчани обавезно да има Пит Стоп за бензин, кафе на теферич, нешто за поткаснување како чорба и слично, а можи и прилепска скара да не речат скроз ги неќиме.

Автопатот на секој 100 метри да биде обележан со знаци дека пристигнувате во Битола. Битола 50 км, Битола 49 км 900 м, Битола 49 км 800 м., да пукнат скопјаништата ко ќе идат наваму оти само еден знак Битола ни имат клаено од Скопје до Градско.

На излезот од автопато и влез во Битола да има рампа која ќе се отвора со глас откако шоферо ќе го испеј рефрено од песната „Битола мој роден крај“.

И најбитното на крај, да има тунел на автопато за да имаме можност за свечено отворање со музика.

Фотографија од интернет, ја има на поќе места од 2019 г.