Денеска реномираниот лондонски весник Фајненшл тајмс (Financial Times) , кој е печатен дневен весник во широкопојасен лист и во дигитална верзија , го спомна името на нашиот град, Битола, започнувајќи со „Битола, мој роден крај“, која е една од песните на новиот албум на музичката дива Сара Ароесте.
Ја доловија како светла мелодија која е компонирана во придружба на кларинет и мирислив балкански ветер… „Ти за мене си рај“. Песната Ве опушта со радосни и певливи звуци, „Дали има некој збогум да ти каже а да не заплаче?”
Македонската народна песна на Ајри Демировски, „Битола, Мој
Роден Крај “, е популарна песна и хит како во Битола така и наоколу светот, се наоѓа на крајот од новиот албум на Сара Ароесте со име „Монастир“.
Како што продолжува самиот автор, Битола – позната до 1913 година како Монастир – била
дом на голема еврејска Ладино заедница, раселени од Шпанија во 15-ти век по Реконквиста. Во 1943 година, под нацистичка окупација, тие беа одведени во скопскиот монопол и депортирани во Треблинка каде трагично ја завршуваат нивната судбина, а денес ниту еден Евреин не останува да живее во Битола.
Дедото на Ароесте се родил и пораснал во Монастир (Битола) , семејството се преселило во САД за време на Балканските војни од 1912-13 година, така што за неа историјата на градот е лична. Во нејзиниот албум таа го претставува предвоениот свет на Евреите во Монастир, со помош на православни и муслимани музичари од Македонија и Израел.
Авторот на овој текст дава опис една по една на сите песни кои се наоѓаат во новиот албум, а нас ни остави впечаток споредбата на народната песна „Од Битола појдов“ со летниот хит на Бич Бојс Калифорнија Грлс (Beach Boys – California Girls).
Целосниот текст и линк од Фајненшл Тајмс повелете ТУКА