Почитувани,

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ја повлекува продажбата на билети за натпреварот од четвртфиналето на СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест. Причината е недобивањето „зелено светло“ од сите потребни институции за организација на натпреварот во време на ковид-пандемија.

Клубот искрено жали што не доби „зелено светло“ за одржување на натпреварот со присуство на гледачи со вакцинален сертификат во спортската сала „Боро Чурлевски“. Би сакале да ги потенцираме вистинските вредности на спортот, па доколку постои и најмала закана по здравјето на нашите граѓани, ние ќе ги следиме упатствата на надлежните. Веруваме дека наскоро ќе можеме да ви се обратиме со позитивни вести и враќање на гледачите во салата, нешто што нестрпливо го чекаме повеќе од една година.

РК Еурофарм Пелистер уредно ги вакцинира своите ракометари, ги следи упатствата на надлежните и ќе продолжи да ги применува потребните протоколи донесени во време на пандемијата од ковид-19.

РК Еурофарм Пелистер