Модерните времиња и трендови ни донесоа и модерни начини на забава кои секојдневно се присутни со нас и веќе стануваат дел од нашиот живот. Така е и со нас, интернет зависниците од Фејсбук и Инстаграм кои забавата ја пронаоѓаме во комични видеа, фотомонтажи, пародии и слично. Кај нас во Битола млад битолчанец веќе подолго време прави мали смешни пародии, т.н. со големина на залак или популарно (Lipz). Истите се прават преку апликацијата MadLipz и моментално на Инстаграм има над 300 видеа со 2 милиони прегледи и е следен од над 30.000 претплатници. Тоа се нашите BitolaLipz.

Здраво до вас. Ве поздравуваме за вашата инвентивност и креации кои доловуваат многу комични и несекојдневни ситуации. За почеток од каде дојде идејата за ова што веќе го правите и споделувате со нас?

– Тогаш кога го започнав акаунтот случајно го открив овај начин на правење видеа (со додавање на свој глас над туѓо видео) и едноставно се роди идеа за да правам вакви смешни видеа. Првите видеа ги споделив со другарите , тие многу се смееа и многу им се допаднаа. Така започнав да ги споделувам на инстаграм и на 05.03.2019 го креирав профилот. Поддршката што ја добив не само од фановите туку и од други јутубери и инстаграмери во првите 2 недели беше огромна и неочекувана. Во тие две недели добив 15 илјади фоловери (следачи).

Кој стои зад BitolaLipz и дали сте задоволни со вашата популарност?

– Многу пати ми е поставено ова прашање , но сметам дека , се додека успевам да ставам насмевка на туѓо лице е сосема доволно и воопшто не е важно кој стои зад BitolaLipz. Јас мислам дека ова не е популарност затоа што не ни знаат кој стои зад Битола Липз и сметам дека е побитно фановите да се секогаш насмеани кога ќе видат мое видео.

Дали од ова заработувате или можи да се заработи?

– Кога би бил во друга држава да, би можел да заработам и многу, просечна реклама за 24 часа на стори во ЕУ за акаунт со толку фоловери е 70 евра. Кај нас за жал е многу помалку и ретки се тие што би платиле за ваков вид на реклама затоа што мислат дека е неисплатлива.

Дали има некои заинтересирани пример кои бараат од вас да ги споделите или рекламирате со сите ваши претплатници?

– Сум имал инстаграмери и фирми дури и од соседните држави кои не се во заблуда дека ваквите реклами не се исплатливи и тие се многу задоволни. А со многу фирми од Македонија правиме т.н. giveaways (каде поклонуваме еден од нивните производи) по случаен избор и сме имале победници низ цела Македонија. Дури и ваквиот начин на реклама е многу успешен и во деновите во кои е активен giveaway-от фирмите добиваат многу нарачки.

Гледаме дека посетеноста и интерактивноста е голема. Кои Ви се најпопуларни пример 5 нај нај на Битола Липз?

– Ова ми се дел од најпопуларните видеа, отворете разгледајте ги и видете го бројот на прегледи и лајкови.

Од каде добивате идеи и како навистина се воздржувате да бидите озбилни и да не се насмеете?

– Идеи добивам од секојдневието, од интернет, ќе ми текни нешто па ќе си го запишам… Не се воздржувам и дури некои видеа ги преснимувам по 20 пати за да звучам онака како што треба во видеото, дури имам помислено да направам behind the scenes (зад сцените на видео), каде ги покажувам сите неуспешни обиди во кои се смеам, но и во моментите каде се нервирам затоа што не успевам да звучам како што треба.

Кои се вашите планови за во иднина и со која бројка на претплатници би биле задоволни?

– Планирам да продолжам на инстаграм со овие видеа, сум имал и понуди каде ми нудат многу пари за да го продадам акаунтот но секогаш одбивам затоа што ова е нешто навистина несекојдневно и незаменливо. Исто така планирам да правам друг вид на содржина на Јутуб: www.youtube.com/bitolalipz . Имам и многу други идеи во главата кои сакам еден ден сите да ги реализирам, но изгледа ним сеушто не им дошло времето. А , во поглед на бројката , поважно од бројот на фоловери е тие да се задоволни , така и јас сум задоволен. Поздрав до сите читатели на babambitola.mk од вашиот еден и единствен Битола Липз :D.