Денеска Битола има едно единствено гостителско претпријатие „Македонија”. Мислењата за интеграција на угостителството во едно претпријатие беа различни. Меѓутоа интеграцијата е одамна свршена работа и сега останува да се видат резултатите од неа.

Еден резултат од оваа интеграција е познат, а тоа е дека сега угостителството е „излечено” од повеќегодишната ”болест” што се вика нерентабилност. Но со тоа не е cé постигнато и битолското угостителство се уште се бори со низа проблеми и тешкотии. Директорот на угостилеското претпријатие „Македонија” Менде Фидановски, со кој водевме разговор по проблемите на угостителството во Битола, не запозна со настојувањата на претпријатието за решавање на овие проблеми.

На Битола е потребна една модерна летна бавча и барем уште еден ресторан каков што е ресторантот „Македонија” ни рече тој. Наскоро ке започне да работи терасата на хотелот и ресторантот „Македонија”. „Тумбе кафе” работи, а покрај бавчата „Трудбеник”, се користат сите празни места пред кафеаните во летните денови гостите да се служат надвор од ресторациите. Меѓутоа со сето тоа ни 50% од потребите не се задоволени.

Во Битола од поодамна се дискутира за изградба на една модерна летна бавча на празниот простор во дворот на на Народниот музеј. Се интересиравме што станува со оваа бавча. Фидановски не запозна дека од кажало и дека угостителството не се откажало од намерата за изградба на оваа бавча и дека се работи на тоа сега сериозно и со план. Бил изработен и проект за чија реализација биле потребни 65 до
70 милиони динари, Овој проект предвидува легна бавча и затворена ресторација co вкупно 2.000 столици, од кои на затворената ресторација отпаѓаат 300 столици,

–Една ваква модерна и голема летна бавча, со добар оркестар. би можела доста pea во секое време да им обезбеди смештај и исхрана на странските туристи и рентабилно да работи, “” ни рече Фидановски. Но за жал реализацијата треба да се очекува идната година, така што битолчани годинава мораат да се задоволат со она што го имаме.

„Тумбе-кафе”, кое како што е многупати отворано и затворано, исто така има добри перспективи, спрема она што го дознавме. Годинава е изграден патот и обезбедена вода со што се решени два не мали проблеми. Во идната година се предвидува многу повеќе. Во план е изградба на хотел-ресторан со 20 легла и 30 столици на ресторанот од затворен тип, кој би работел покрај сегашниот ресторан на отворено што се користи во летната сезона.

Веќе два месеци скарите на угостителството оскудеват во месо и често пати го немаат. Претпријатието „Македонија” превзеде мерки во најскоро време да отвори своја касапница што ќе работи исклучително за потребите на претпријатнето, а на тој начин во претпријатието се уверени дека никогаш нема да оскудеваат за месо. Дури ќе се оди и на сопствен тов на говеда и тоа во Отешево каде има услови постојано да се одгледуваат 200 грла крупна стока наменета за колење. Веќе се водат некои се уште незванични преговори за соработка меѓу угостителското претпријатие „Македонија и преспанското одмаралиште „Отешево”.

Не интересираше дали битолското угостителство може да понуди квалитетна исхрана.

–Исхрана да, -ни рече Фидановски, – но смештај не. Странските гости секогаш бараат преноќување во хотелот „Македонија” и тоа во неговиот нов дел, но таму се caмо 45 кревети и имаше случаи кога странски туристи ја напуштаа Битола заминувајќи за Охрид, само затоа што не можевме да им обезбедиме преноќиште со потребен комфор каков што тие бараат.
Поведовме разговор за „селскиот” дел на угостителството. Мислиме на ановите кои едино им служеја на селаните кои во Битола доаѓаат да ги продадат своите производи, инаку неопходно потребни за градот. Меѓутоа, ‘како ШТО“ e познато во Битола нема ниту еден ан, а некогаш ги имаше 14 и доста добро работеа.

-Мислам дека има потреба од анови, -ни рече директорот на угостителското претпри јатие „Македонија” Менде Фидановски. – Ние го имаме и покренато ова прашање кај надлежните фактори, зашто сметаме дека во сегашните ycлови на снабдување на селскиот пазар со земјоделски производи, кои се дотураат исклучително со запрежни возила, има потреба од ановн, кач ко за преноќување на луѓето, така и за сместување на запрежната стока. Сега се случува лугето да спијат на самиот пазар, а стоката да се врзува и на улица!

Р. Невеновски, Битолски весник