КОРЗОТО БЕШЕ НЕОБИЧНО ЖИВО. МАЖИ, НАВИСТИНА, НЕМА МНОГУ. ТЕШКАТА БОРБА ЗА ЖИВОТ ГО АПСОРБИРА НИВНОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ И НИВНОТО ВРЕМЕ.
НО, ЗАТОА Е КОРЗОТО ПОЛНО СО НАСМЕАНИ МОМИНСКИ ЛИЦА, НИКАДЕ НЕ СУМ ВИДЕЛ ТАКА УБАВИ ЖЕНИ КАКО ВО БИТОЛА.
ВЛАИНКИТЕ, СО ГОЛЕМИ ЦРНИ ОЧИ, ВО КОИ НЕПРЕСТАНО СОГОРУВА НЕКОЈ ЧУДЕН ПЛАМЕН, СО КАДРАВА КОСА, ПОТСТРИЖЕНА И СЈАЈНА КАКО АБОНОСОВО ДРВО.
ЕВРЕЈКИТЕ СО ОЧИ БАДЕМЕСТИ, КОСА ЗАЛИЖЕНА СО МАСЛО И БЕЛИ ЗАБИ КАКО КАМЕНЧИЊА.
МАКЕДОНКИТЕ КРШНИ И ЗДРАВИ, СО ПОГЛЕДИ ТАЖНИ КАКО СЕВДАЛИНКИ,
МУСЛИМАНКИТЕ ЕМАНЦИПИРАНИ, БЕЗ ФЕРЕЏЕ, ЖЕЛНИ ЗА СОНЦЕ, СЛОБОДА И ЖИВОТ. НО ЛУКСУЗ НИКАДЕ НЕМА.
Извадок од книгата Калеидоскоп на Александар Стерјовски