Над релјефот кој се наоѓа над централните скали на битолската гимназија Јосип Броз Тито е запишана следната порака:
„ Ти што влегуваш овде како наш врсник знај: Ние излеговме од овие клупи во вителна борба за да изгрее една светла точка на твојот школски глобус.“
Дали некој знае кој е автор на релјефот?… не запраша Ѓул Ѓулче Астор која ни ја испрати фотографијата и натписот.
Обновено:
На учесниците во Народноослободителната борба (НОБ) и на си- те ученици кои се вклучија во истата, во Гимназијата им е посветен уште еден монументален споменик – релјеф во кој се прикажува борбата на македонскиот народ во Втората светска војна чиј автор е професорот Драгутин Спасиќ, коj во периодот помеѓу 1929 и 1940 година работеше како наставник и твореше како скулптор. Овој па- метник, создаден во 1965 година, се наоѓа непосредно пред Гим- назијата од левата страна на објектот, на булеварот 1-ви Мај, а ре- плика од истиот е поставена и во училиштето, по главните скали над која е напишано: „ТИ ШТО ВЛЕГУВАШ ОВДЕ КАКО НАШ ВРСНИК ЗНАЈ – НИЕ ИЗЛЕГОВМЕ ОД ОВИЕ КЛУПИ ВО ВИТЕЛНА БОРБА ЗА ДА ИЗГРЕЕ ЕДНА СВЕТЛА ТОЧКА НА ТВОЈОТ ШКОЛСКИ ГЛОБУС“.
Текст како дополнување испратено од Никола Главинче на кого јавно му се заблагодаруваме.