Благодарение на „Бадниковите поворки” Битола и битолчани од нивните хумани граѓани, фирми, организации и здруженија коишто несебично издвојуваат дел од своите добра, успеаја мал но значаен дел, за време на најголемите христијански празници, да ги усреќат своите сограѓани во немаштија.

Организаторите на Бадникови Поворки Битола собраа околу 500 килограми храна и во соработка со Здружението Утешител, ја дистрибуираа на стотици семејства во Битола и битолско па дури и Прилеп.

Битола, симболично ја одржа Бадниковата Поворка и со околу 300 коледарчиња, продефилираа на Широк Сокак каде со песна го најавија Христовото раѓање.

После поворката, се поклонија во црквата Свети Димитрија во Битола.

Организаторите и оваа година, не ги заборавија и ги посетија болните и персоналот во Ковид Центарот и ги израдуваа со пригодни прехранбени продукти.

Денот на организацијата на Бадниковите Поворки, се заврши во Домот за Стари лица Сју Рајдер Битола, со учество на Бадниковата трпеза во Домот и ги израдуваа штитениците на Домот со дарови од тридневната хуманитарна акција.

Од битолчани за битолчани, Божиќ за сите.

Благодариме на сите хумани сограѓани.

Честит Бадник.