Десеттина невладини организации од Битола, денеска го посетија Домот за стари лица Сју Рајдер во Битола и организираа Бадникова вечера, со традиционална посна храна и многу овошје. Настанот го збогати и настапот на Византискиот црковен хор ,,Св. Нектариј Битолски,,Помеѓу организаторите, беа и здруженија на Турците, Ромите и Албанците во Битола, кои заедно со Македонците заеднички го одбележаа овој значаен ден за православните граѓани.
Ова не е прв настан организиран од истата екипа – пред десеттина дена, истите здруженија го организираа и Хуманитарниот новогодишен базар на Широк Сокак, поддржан од Општина Битола.Бадниковата вечера ја помогнаа и неколку битолски фирми.