Во Новата година , мора да ги направиме работите кои што низ годините ги запоставивме и занемаривме . Иако за дочекот на Новата 2022 година , бевме кој каде што сакавме со кого сакавме, убаво ја дочекавме . Со пријатели , семејство, роднини . Со многу смеа, огномети и гласна музика . Тогаш ми се чини дури и градот како да се прероди а битолчани како битолчани секогаш свои на своето, не се даваат така лесно . Почетокот означен со дневните забави а завршетокот дури на вториот ден од годината зашто така кај нас е редот . Ама уште еднаш истата лекција ја повторивме и од годините научивме , само едно . Да живееме онака како што умееме. Да го дадеме својот максимум , без очекување за нешто повратно.
Од старата година , научивме дека пандемијата ни ги промени животите, но не научи и повеќе . Да се сакаме , цениме и почитуваме повеќе . Да знаеме што ни треба а што не. Без што се не можеме да живееме . Бадник , Божиќ се празници полни љубов . Семејна трпеза , семејство, топлина , пријатна атмосфера . Безброј печени колачиња , апетисани , греено вино и многу домашни приготвени јадења .
Нашата Битола , е оној град кој што во секоја доба сјае . Било зима или лето , традицијата е на прво место . Пазарот со сите свои продукти , Широк Сокак со своите кафеџии , пекарите со топлите печива , народот со својата желба за прославување . Бидејќи како и рекле, празнувањето на празникот започнува во срцето на човекот а продолжува на трпезата и во домот . А потоа и во градот .
Нека сега, а и понатаму, градот живее . Нека луѓето излезат на јануарското сонце , со топлото кафе во раце , седејќи во паркот . Минувајќи крај Офицерски потсетувајќи се на минатото , на неговиот поранешен изглед .
Убава моја Битола , моја доживотна љубов , не згаснувај со својата примамливост и гостопримливост . Со својата раскошност . И не заборавај дека има луѓе кои те сакаат . И кои за секој празник , тука се наоѓаат .
А оние кои што годинава се „сами“ за некој од овие празници , да знаат дека за нив секогаш тука ќе се битолчани . Такви сме ние , така тука живееме . Му помагаме и на познатиот и на непознатиот . Но оној кој сам останал, не е оставен сам на себе . Зад неговиот грб е битолчанецот кој некако ќе успее да го развесели , раздрма , живот да му вдахни . Да му докажи дека во Битола , и невозможното возможно станува .
Нека секој празник во оваа година биде многу подобар од оној кој поминал , а незаборавен за оној кој доаѓа .
Марија Стојановска (16)