Игор Пармаковски е роден битолчанец кој беше дел од Националната опера и балет, и со години се бори со Кроновата болест. Неговата моментална состојба е критична.
„Неговата телесната тежина изнесува 39 кг. и има потреба од парични средства за да се оперира во најбрз можен рок. Ве молиме, кој колку што има, и најмалата донација ќе биде добредојдена и е потребна. Доколку сакате да донирате на овој линк а се наоѓате во Македонија, можите да донирате иако е сумата е во долари. Макар и еден долар да донирате, нас многу ќе ни биде потребен. Во меѓувреме, се обидувам да отворам сметка за донации и во Македонија, доколку некој знае да ми поможи да се обратите до мене во директна порака. Ви благодарам од се срце!“ – Стефани Талевска.