АПЕЛ ДО СИТЕ УЧЕНИЦИ

Драги ученици,

Почитувајте ги препораките на Министерството за здравство во врска со превентивните мерки од вирусот COVID-19 познат како КОРОНА ВИРУС и останете дома. Станува збор за сериозна ситуација на која треба и вие сериозно да и пристапите заедно со вашите родители, роднини, пријатели,другари, соученици.

Затоа, избегнувајте масовни дружења, често мијте ги рацете со сапун, дезинфицирајте ги вашите мобилни телефони, таблети, тастатури и останати предмети кои често ги користите.

Сакаме сите заедно да ја продолжиме учебната година, заедно да ја прославиме матурската прослава, заедно да го дочекаме летниот распуст, сите ВИЕ и сите НИЕ !

СОТУ Ѓорги Наумов Битола