Ансамблот „Боцкино“ од Битола повеќе години наназад во градот под Пелистер. па и пошироко. важи за еден од најквалитетните и најпопуларни музички состави, посебно кога станува збор за староградската музика. А, токму овој жанр музика во најголема мера е присутен на првата касета на овој состав што наскоро под покровителство на книжарницата „Везилка” од Битола, а во издание на Музичката продукција на РТС треба да се појави на диско-пазарот.
Касетата содржи десетина песни, од кои како автор на неколку се споменува и Петар Георгиев Калица, додека останатите се дело на членовите на составот.
Што друго да се каже за овој ансамбл? И покрај тоа што се популарни, членовите на „Боцкино” ги краси големото другарство, чесноста и скромноста…
Текст Лазо Ристевски. Фотографија како исечок од весник испратена од Слободан Димитров.