Битола, август 1937.

Да дај Госпо битолски слепци да Ве водат!” – клетва која пред војната се слушаше надвор од Битола.
Ги имаше многу пред Европската војна (Балканската војна). И по професија и од така. Не затоа што тоа е Битола беше сиромашна. Напротив. Богатството и дарежливоста на битолчани ги привлекоа питачите од блиските места да доаѓаат во Битола. И многубројните манастири тука беа врталиште за нив.

Од 80.000 жители Битола падна на 33.000. Економијата паѓа се се повеќе и повеќе се чуствува во Битола.
Престанаа многу каравани од
надвор, кои носеа и донесуваа стока од Епир, Албанија.
Залудно пискоти свирката на локомотивата која вози по нејзината патека, која Битола ја поврзува со целиот свет!
Залудно е сето ова, бидејќи Битола моментално не го има тоа што е важно за нејзината економска состојба и живот.
Жалосно е да се остави овај град на Југ, сам на себе. Би бил голем грев. Треба да му помогнеме. Но како? …

Конаците на големите аги и бегови останаа напуштени, останаа само нивните скелети кои раскажуваат за времето на владеењето на Турците, се додека не ги загризе забот на времето.
Миризливите овошни градини се покриени со коров, станаа легла за змии. Не се слуша жуборот на шадрваните, нити песната на бимбиљите. Занемија и
харемите. Не се слуша ни песната на младите танчарки кои се пратени со дајре, нити се игра чочек. Нема повеќе ни селамлук ни аганлук. Ни аги, ни бегови.
…….
Преку лето единствена разонода за битолчани се кината. Ги има три. Но ретко кога прожектираат од убавите и познати филмови. Битола е град кој умира…

Весник Време 1937