Битолчанката Анета Бошевска која долги години боледува од Мултиплекс склероза, одлучи во овие тешки моменти и непријатната состојба во која се наоѓаме да покажи едно големо благодарам на сите оние кои деноќно се борат, а тоа се здравствените работници од нашето здравство.
ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ и овој пат големо трпение. Да ги испочитуваме нивните совети, да останеме дома. ВЕРУВАМ ДЕКА НА КРАЈ СЀ КЕ БИДЕ ДОБРО, верувам во цело наше ЗДРАВСТВО.
Дел од моите дела што требаше да бидат изложени на мојата изложба со помош на организацијата Златно Перо, овој пат ќе отпатуваат на правилните места. НАЈБИТНО ВО МОМЕНТОТ Е НАШЕТО ЗДРАВЈЕ.
Овој пат благодарност до ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ, др. Тони Коњановски, лаборант Васко Наумовски и директорката Елизабета Крстевска.