Дваесет и шест годишниот К.М. од Битола е планинарот кој е повреден вчера додека се искачувал на Пелистер.
Според официјалните податоци од МВР, К.М. се искачувал по патека кон врвот ,,Илинден“ заедно со П.А.(23), М.И.(31) од Битола, Т.Х.(23) од с.Новаци, Л.К.(37) од Кавадарци и М.Р.(28) од Неготино.
При искачувањето, К.М. се лизнал и паднал од карпа. Тој со хеликоптер на МВР бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.
Извор Република