Постарите битолчани ноќта за Велигден имаа адет за кој помладите денес абер немат…

од April 23, 2022 0 коментари

Во сабота, на полноќ, од најстаро до најмладо, одевме во црквата Свети Димитрија. Купувавме свеќи исклучиво од црквата. Тенки, извртени во кошниче, обоени со разни убави фигури. Кога ќе ги запалевме, полека ги одвртувавме со рака. Штом чукнеа камбаните во дванаесет часот на полноќ, си велевме едни на други „Ристос воскресе, вајстина воскресе“.
Настојувавме запалените свеќи да ги донесеме дома.

Babam Bitola

Comments are closed.