Велигден порано:
– Имаш три бои: втор ден од менструација црвена, маскирно војнички зелена и Кинез со жолтица жолта
– Велигденскиот зајак уште не е измислен
– Ти купуваат алишта кои после ги носиш на свадби, школски приредби и други општествени збиднувања од свечан карактер
– Слики 4 пошто за некој месец треба да се оди на одмор, а имате уште 17 во филмот
– Те облекуваат, те носат кај роднини, таму ти даваат јајца после истите роднини идат кај тебе да ти земат јајца и победува семејството со најмногу деца оти ќе има ручек и вечера варен јајца до доцен септември
– Одиш в црква
– Те караат оти од сабајле си искршил многу јајца.
Велигден сега:
– Сите бои на виножитото и плус четири кои не беа познати за човековиот род пред 1993-та. Мајка ти седум месеци одеше на курс за да може да го нацрта Исус на јајце и да добие 70 лајка. На јајцата без верски мотиви има кристали. Зошто? Зошто да, еднаш се живее
– Велигденскиот зајак гостува во вашиот најблизок супермаркет. Колку е супермаркетот по шкарт толку е зајакот попијан и мириса на ракија, цигари и промашени соништа
– За децата се изработуваат посебни честитки за Велигден, со зајакот, па до него јајца, камин, прозорец низ кој паѓа снег затоа шо во истото студио на исто место се сликате и со Дедо Мраз. Им ги пуштате на роднини и овие ги фрлаат пошто шо би правеле иначе со честитка од вашето дете? Ќе ја чуваат? Не.
– Слики, два терабајти. Никој, никогаш нема да одвои 7 часа да ги гледа сите тие слики. Џабе сликаш
– Имате пригодни џемпери со јајца, зајачиња и други пичкематерине кои не можете да ги носите на свадба или приредба
– Не одите в црква затоа што не е во ред да му се наметнуваат такви работи на младиот кревок ум на вашето дете
– Вапцавте 7 јајца и никој не дојде да земе пошто си честитате на ФејсбукБожидар Божиновски ака Моџо Килингтон