“Една за мене, една за историјата” знаел често да каже Милтон пред да направи фотографија. Колку само бил во право зборува фактот што семејниот фонд на Браќата Манаки е најистражуваниот и најбараниот фонд во Битолскиот Архив. На овој ден по повод 57 годишнината од неговата смрт го споменуваме и го славиме како најголемиот и најживописниот хроничар на Битола и пошироко. Архивот како чувар на фотографското наследство на Манакиевци ја има честта и обврската да го чува, заштитува, но и да го промовира она што браќата го оставија како сведок за историјата на овој град.

Вечна слава!

Државен Архив на Република Македонија – Одделение Битола