Бајк клубот “Aj да возиме” денес по 4-ти пат успешно ја организира и спроведе “МТВ Enduro тура”, која беше со старт од Инфо центарот (На Лазо вилата) и искачување до Големото езеро на 2218 мнв.
Спустот кој првенствено беше планирано да се извози кон Орлови бари и Сапунчица до Ски-центарот”Стрежево” беше променет преку Дебел Рид и с. Ниже Поле каде домаќинот ЈП Стрежево кој е поддржувач на оваа тура во Чајџилницата на Ски Центарот Стрежево ги пречека сите учесници.
На настанот беа присутни околу 100 учесници од сите градови на Македонија и тоа покрај организаторите битолчани имаше од Демир Хисар, Охрид, Струмица, Скопје и др. и беше организиран согласно пропишаните протоколи за организирање на спортски настани од ваков карактер во услови на COVID-19.
За обезбедување на настанот, логистичка поддршка се погрижи најдобрата екипа на професионалните водичи и спасувачи Mountain Solution од Битола кои беа беспрекорни во целата организација.
Браво на целата екипа и нивната поддршка за промоцијата на убавините и можностите на Баба Планина, Пелистер и Нижеполе како одлична дестинација за планински велосипедизам.
Во продолжение дополнително ќе следи цела фото и видео галерија…