Денот на Планетата Земја, 22 април, 2020

И не е се така сиво ! ! ! Да го цениме она што го имаме ! Ние сме среќни луѓе што живееме на оваа планета, која секојдневно, неуморно и на едноставен начин не изненадува и не тера повторно да се вљубуваме во нејзината убавина.

Застанете, притиснете пауза на вашите секојдневни активности и посветете момент на мајката природа.

*Пустината Такота, Колумбија; Втора по големина пустина во Колумбија; Во оваа пустина, кактусите достигнуваат висина дури до 5м.

* Пиедра Де Пенол, Колумбија; Монолитна формација, спестена во планинскиот венец Анди. Карпа висока 198 метри, за која ви се потребни 740 чекори за да стигнете до врвот.

* Пустината Гоби, Монголија; Најголема пустина во Азија (петта во светот), зафаќа површина од 1,600 км; Само 5% од пустината се песочни дини, останатиот дел се карпи; Има археолошко значење, пронајдени се доста важни фосили, од кои најинтересно е пронаоѓањето на првите јајца од диносауруси, во 1923 година.

* Вади Рум (Долина на Месечината), Јордан; Покрај песочните дини, карактеристични се гаргантунските карпи; Откриени се 25,000 петроглифи (карпести резби), 20,000 натписи и 154 археолошки локалитети;

*Кокино, Македонија; Мегалитска опсерваторија поставена на врвот Татиќев Камен 1,030 м.н.в.; Датира од 1800 година п.н.е. односно раното бронзено време;

*Шар Планина, Македонија; Во античко време позната како Скардус; Единствен планински масив на кој може да се оди 95км, од врвот Љуботен до врвот Расангул, и притоа да не се спуштите под 2,200 м.н.в. Има најголем број глацијални езера во Македонија;

* Планината Кораб, Македонија; Највисока алпска планина во Македонија; На неа се наоѓа највисокиот врв на оваа територија, Голем Кораб 2,764 м.н.в. Најатрактивно место е Корабскиот водопад, 130м водопад, воедно и највисокиот на Балканот;

* Национален парк Дурмитор, Црна Гора; Варовнички масив кој припаѓа на Динаридите; Познат по спектакуларните реки Драга, Тара, Комарница и Сушица, за која се претпоставува дека е и најдлабока клисура во Европа;

*Баба планина, Македонија; Во 1948 г, поради природните убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели, еден нејзин дел е прогласен за Национален парк „Пелистер“; Баба планиан претставува хорст помеѓу Пелагонија и Преспанската котлина;


*Големо езеро, баба планина; Посебна природна привлечност имаат двете глацијални езера, Големо и Мало Езеро, познати уште како „Пелистерски Очи“;

*Илулисат, Гренланд; Познат уште како морската уста на Сермек Кујалек, еден од ретките глечери преку кои ледената капа на Гренланд стигнува до морето;
Сермек Кујалек е еден од најбрзите и најактивните глечери во светот.

* Островот Херон, Квинсленд, Австралија; Корален брег, кој располага со значителен биодиверзитет, поддржувајќи 900 до 1,500 видови риби и 72% од коралните видови пронајдени на „Големиот гребен“.

Авантурите на Рибизлата спешл едишн