Борко Андреевски од Битола кој живее и работи во Оксфорд, Велика Британија, е меѓу луѓето кои доброволно се пријавија за тестирање на вакцина против kopoна виpyc.Пробната вакцина е дело на Jenner Институтот и Оксорд групацијата за вакцини. Тимот започнал со развивање на вакцина против Ковид -19 на 20 јануари, а истиот е предводен од Проф. Сара Гилберт, Проф. Ендру Полард, Проф. Тереса Ламбе, Д-р Сенди Даглас, Проф. Катрин Грин и Проф. Адриан Хил.
Исто така овој процес е во соработка со Проф. Саул Фауст од Универзитетската болница во Саутемптон NHS Trust и Д-р Катарина М. Полок од NIHR Imperial Клиничкиот истражувачки центар, “Империјал Колеџ”.
Aндреевски ексклузивно за Маркукуле открива зошто се одлучил да се пријави на тестирањето и колку луѓе се вклучени во процесот.
“510 луѓе се дел од вакцинирањето. Вакцината ќе се дава на еден човек во четврток, на 5 наредната недела и на 504 по две недели”, вели тој.
Во однос на видеото кое се појави на дел од порталите, каде пишуваше дека Борко веќе ја примил вакцината, тој демантира.
“Во однос на дезинформациите кои се појавија во некои портали сакам да кажам дека вакцината сеуште ја немам примено. Тоа беше кога ми земаа кpв”, вели Андреевски.
На прашањето зошто се одлучил да се пријави во процесот, Борко вели:
“Истражувачкиот тим смета дека вакцината ќе биде 99% успешна, бидејќи веќе имаат изработено слични вакцини, како таа за САРС од 2001 година и МЕРС од 2012 година”.
На Борко му честитаме за неговата храброст и одлучност да биде дел од процесот кој можеби светот ќе го спаси од злото наречено корона вирус.
Извор Маркукуле