Директно од лице место со битолчанецот Јован Милошевски

Нема подобра дефиниција за капитализмот од оваа :
ВО ПЕТОК НЕ СМЕЕШ ДА ОДИШ НА ПОГРЕБ НА БАБА ТИ. ТАКА ИЗБЕГАВАШ КОНТАКТ СО ДРУГИ ЛУЃЕ И МОЖНОСТ ДА СЕ ЗАРАЗИШ. А ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ МОРАШ НА РАБОТА СО МЕТРО И АКО ИМА ЌЕ ТИ ДАДАТ ЗАШТИТНА МАСКА .

Живееме апокалиптични времиња и без да влегувам во научни полиња можам да речам дека последиците после КОВИД 19 не само ќе го променат нашиот живот засекогаш туку и целиот досегашен систем во сите општествени аспекти .
Можеби тоа е целта, или нешто друго, останува да видиме. Во секој случај на пример : ДАЛИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ЗАМИСЛИТЕ ПРЕД 11 СЕПТЕМВРИ ДЕКА ЌЕ МОРА ДА БИДЕТЕ НА АЕРОДРОМ ЕДЕН ЧАС И ПОЛ ПРЕД ВРЕМЕ НА ЛЕТОТ ? Ете тоа е прост пример .

Како и да е без фатализам Шпанија и граѓаните на оваа прекрасна земја сме ментализирани за промените кои најверојатно нема да одат на добро после ова .

Од 14 односно 16 март сме во карантин со полициска контрола и Владата не знае кој пат да го фати. Ниту превзема мерки на време. На 8 март луѓето излегуваа да го празнуваат денот на жените, а власта знаеше многу добро што се случува во Италија .
Таквото неодговорно однесување ја донесе Шпанија во многу тешка ситуација .

Факт е дека цифрите не се точни нити сакам да зборувам за бројки, но во секој случај ако имате повеќе од 60 години и се појавите на болница со симптоми Ве враќаат назад .
Бабите и дедовците кои работеле цел живот се оставени дома мртви на фамилијата во некои случаи до три дена. Изгубив голем пријател пред два дена, почина дома. Страшно .
Повеке од 30 % од медицинските сестри, доктори и така натаму од медицинскиот персонал на болниците е исто заразен . Тие се хероите на ова време. Одат на работа знаејки дека рискираат сѐ. Немаат доволно маски нити се прават тестови .
Наводно се потрошија многу пари на тестови кои не се ефикасни .
Како последно сакам да истакнам голема збунетост во информативните медиуми и интернет портали.
Не знаеме дали ќе сме во карантин до 26 април или ќе се продолжи.
Ова е војна, мртви, економски колапс и ни следува голема невработеност.

Делфините се вратија помеѓу луксузните јахти

Замислете 80 % од цела Мајорка живее од туризам и од сезона која трае 8 месеци . Ако сега можиме нешто да констатираме е дека тој сектор барем 60 % од тој 80 % останува минимално една година без работа .

Се надевам дека Владата ќе превземи соодветни мерки .

Така е тука. Бог да е со сите нас. И со вас.

Ве поздравувам од Палма Де Мајорка Јован Милошевски.