Клубот ја информира јавноста дека ракометарите Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски се прекомандувани од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер. Тие ќе бидат пријавени за натпреварите во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа за тимот на Ларс Валтер. Емилијан Ѓорговски од почетокот на подготовките тренира со вицешампионот на Македонија, а Стоилевски од денес ќе се приклучи на екипата. Претходно од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер се префрлија Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.

Еден сезонски билет за сите натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2

Ракометното семејство Еурофарм Пелистер денес ги пушти во продажба билетите за четвртфиналниот натпревар на СЕХА Гаспром лигата против Мешков Брест (четврток, 25 август – 20:15 часот). Цената за еден билет е 200 денари. Од следната недела во продажба се сезонските билети за цела ракометна сезона на двата битолски клуба. Со еден билет можете да ги гледате Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата, Купот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа. Цената на тој сезонски билет кој ви гарантира седиште во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола изнесува 4.500 денари.