Од сезоната 2022/23 Еурофарм Пелистер ќе биде облечен во дресовите на шпанската компанија за спортска опрема JOMA. Клубот веќе ја изврши официјалната фото-сесија во новата зелено-бела комбинација, која ќе биде прв избор сезонава. Втората гарнитура е комплетно сина. Интересот на фановите на клубот за купување на дресови и други производи со клупските обележја е огромна. Клубот ја информира јавноста дека претпродажбата почнува в четврток во фан-зоната пред почетокот на натпреварот Еурофарм Пелистер – Мешков Брест. Подоцна во текот на сезоната дресовите ќе се продаваат во фан-зона, онлајн.

Еден сезонски билет за сите натпревари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2

Ракометното семејство Еурофарм Пелистер денес ги пушти во продажба билетите за четвртфиналниот натпревар на СЕХА Гаспром лигата против Мешков Брест (четврток, 25 август – 20:15 часот). Цената за еден билет е 200 денари. Од следната недела во продажба се сезонските билети за цела ракометна сезона на двата битолски клуба. Со еден билет можете да ги гледате Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата, Купот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа. Цената на тој сезонски билет кој ви гарантира седиште во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола изнесува 4.500 денари.