На ден 19.10.2023год. , на Плоштадот Магнолија во Битола, ЗУР Македонски ракотворби – Битола, како дел од кампањата „Денови за донирање“ во организација на КОНЕКТ и во рамки на проектот „Партнерства за донирање“ организираше хуманитарен базар „Заедно да ја развиеме моториката кај учениците со ПОП”.

Настанот беше овековечен преку фотографии направени од членови на фото-секцијата при ОУРЦ ,,Кочо Рацин”.

Дел од собраните средства од продадените производи (ракотворби, украси, накит, плетенини, играчки, млечни производи, козметика, книги,пецива итн. ) беа донирани за реализацијата на неколкуте работилници во најразлични техники (плетење, везење, сликање, сечење…) кои ќе следуваат во наредниот период и кои ќе се изведуваат со ученици со ПОП од ОУРЦ ”Кочо Рацин” – Битола.

Преку изведување на работилниците ќе се стимулира развојот на моториката на учениците со ПОП од Основното училиште со ресурсен центар.

Ваквите активности се дел од вонучилишните активности на учениците кои задолжително треба да се реализираат и преку истата се развива свеста за инклузивно општество за сите деца .

Кочо Рацин Битола