Два зајаци со еден фишек, шо би рекол некој постар битолчанец.. Кога нема да има натпревари во текот на летните одмори и сезона внатрешноста ќе се полни со вода за да имаме затворен базен е една од новите футуристички идеи на ново формираниот оддел за замарање и инвентивност во Општина Битола кој од пред некоја недела дена се оформи и започна со делување. Имавме отворени денови за граѓаните на Битола и помина еден Трајче од Горно Оризари. Се пожали дека има мака од сонцето и сака затворен базен. Ни ги покажа уште нови и неотпаковани купачите од Вајкики жолта боја, на кои сѐ уште седеше цената 650 денари.

Помина месец дена кога можев да ги вратам или заменам. Сега ништо, ми стојат како нови оти немам за шо да ги облечам. Еден за мали деца веќе така ко заинает седи кај ОУ Даме Груев, дајте барем и така ќе ја реновирате спортската напрајте ја барем и затворен базен, револтирано му се обрати Трајче на членовите на комисијата.

Право да Ви кажиме, немаме ништо против идејата и сме со намера и план да ја реализираме. Нека видат граѓаните сами дека ние и не сме толку чурук луѓе иако по кафани јадиме сирење со смоква на нивна сметка. Тие кои што носат одлуки битни за градот и граѓаните мора да се презадоволни од сѐ, за да не мислат на други работи или пак да се чувствуваат дека се како нив, обични смртници. Пурата во Аурум и костумот во најразлични бои на кафеава чевла за граѓаните е уште еден показател дека сме успешни во животот и дека народот има вистински луѓе околу него кои знаат како треба за да има поголем успех во градо, категоричен на крајот во неговото излагање беше преставникот од Општина по потекло од Добромири.

На зима секако ќе нема парно и спортската сала ќе можи да биди лизгалиште или терен за хокеј, беше уште еден од коментарите на наш битолчанец кој ни помина пред камера…

———————————————————-

Веста е дел од рубриката ЛабавО и е измислена за забава на пошироката народна маса. Иако за забава и измислена, поголемиот дел е вистина и има голем допир со реалноста.