Битола е познат град со историја, многу стари цркви, џамии и објекти…

Сепак, сето тоа не привлекува
толку многу внимание, толку многу колку што привлекува убавите жени, познати по својата елегантен изглед и вкус во облеката.

Таму, каде што се врстуваат културите, обично светот е поубав, барем така се верува. Битола е уште еден доказ дека таквото тврдење не е без основа. Жените се со Господски изглед, нежен, со неколку добри карактеристични црти и многу убави.
Повеќето ги зборуваат современите јазици, и можете да ги слушнете сите можни јазични дијалекти од Балканот. Затоа, кога седите пред некоја слаткарница и се засладувате со колачи, со задоволство ќе ги набљудувате овие убави девојки и жени, од кои многу од нив туркаат колички со мали и убави деца. Се разбира дека вака личат на дамите од горната класа, која брои не повеќе од осум илјади.

Ноќе, градот се претвора во свет под електрични светилки. Истокот се повлекува пред Западот и тоа се гледа по турбаните и чалмите кои исчезнуваат побрзо во ќорсокаците со големи порти на влезовите.


Телефон за порачка 072 264 997, Праќаме и со карго низ цела МКД


Останува „Европа“ да ги покаже зажарените очи од нејзините девојки, да се слушне громогласна смеа и песна – таа вешта замка за тие кои не сакаат никогаш да остарат.

Тогаш секој странец го чувствува шармот на овај град и започнува да фантазира како да има земено доза повеќе хашиш. Ова небо е полно со топлина, месечина и мечти од кои целото телото трепери.

Весник Време, голема благодарност до Благојче Андонов