Дали ја познава некој Лилето на Гоце, брачеда му беше на Коче шо се дружеше со Љупчо на Васко , шофер шо беше во Шеќерана , на Васето од Камен Мост му беше брат . Е стрико му на Васето беше женет за Љупка , касиерка беше во Драгсторот , син му Диме учеше со Дијана на Летка со му беше брачеда на Мaрето , тетка му на Пеце .

Тој Пеце имаше сестра другарка беше со Блага на Ѓорги , работеше во Тапарата ,другари беа со татко му на Јосиф , на Елка чичко му , Поштарот го викаја на прекар . Долу на Иван Милутинович живееше кај Ване гулаби шо чуваше со Жолтио на Крсте син му , снаата негова му беше брачеда на Лилето .

Ја знајте Лилето!

Сашо Краљ