Слаткарницата „Пелистер“ и сопствениците Нагиб и Неџат Алији (синови на Хаки Али ) една од најпознатите слаткарници во Битола. Слаткарницата била основана во 1979 година на првичната локација на ул. Прилепска, покасно преселена на Широк Сокак кај Папакоч и во 1989-90 година во центарот карши продавницата ЧИК (сега бутик до Централ Кафе, поранешно ВИП и ОНЕ наплатен центар). Во оваа слаткарница е донесен и првиот апарат за кафе (еспресо) во Битола.
Фотографии испратени од Фадил Алиу.