Музичката група „Битолски тамбураши” денеска на кратко ѝ ја вратија славата на надалеку опејаната и славна битолска чаршија. На првиот ден од „Чаршиските попусти до 50%” битолчани пулсираа низ сите сокачиња доживувајќи го амбиентот исто како да се во светските гратчиња и метрополи, потпевнувајќи ги познатите македонски и битолски хитови. Денеска навистински беше жива битолската чаршија. Староградска музика, еснаф луѓе и попусти до 50%. Настанот продолжува и утре.

Дел фотографии од Кристијан Талевски