Под водство на стручниот штаб и тренерот Бранислав Ангеловски ракометарите го одработија првиот тренинг. Девет репрезентативци од нашиот клуб се дел од Европското првенство, а Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации. Тие ќе се приклучат кон подготовките по завршувањето на континентналните натпреварувања.

Екипата деновиве ќе тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по комплетирањето предвидени се неколку контролни натпревари.

Разигрувањето за титулата почнува во втората недела од февруари 2024 година.