Утрово се спремав за претпоследните тренинзи пред
експедицијата, татко ми го пиеше
утринското кафенце и ме праша:
а да дојдам и јас можит?

Потскокнав од радост, секако реков
спремај се <3 П.с. Тато мразит ладно, посебно на стапалата. Секој си го спреми ранчето и тргнавме. Па се погоди и денот, денеска беше еден прекрасен сончев ден пополека се приближувавме до Ротинско езерце, се сместивме.

Јас почнав со припреми, почна
аклиматизацијата, почнав со дишење, ги замижав очите и влегов во мојот свет. А тато во позадина го пратеше секој мој чекор. Бликав од радости.
Го осеќав неговото присувство и едвај чекав да се искапам. За момент се исклучив, не знаев што се случува во позадина. Бевме само јас и мојот здив. Кога завршив со дишењето пополека ги отворам очите што да видам!!!

Чаленце по шорц и маичка и волнени чорапи. Царот веќе си ја нацртал скицата, па ме чекал за да ја запали моторката… Не можев да им верувам на очиве.
Ова беше најубавиот тренинг во мојот живот! Во ЉУБОВ! Си се изнаплакав поштено.. Ми рече: тато секогаш стои зад тебе, во љубов да те испратам на
експедицијата, во љубов да блеснеш на Алпите!

Те љубама брое!!!! Се дерев, ТЕ
ЉУБАМММ! СПОЛАЈ МИ ТИ ШТО ТЕ
ИМАМ, СПОЛАЈ МИ ТИ ЗА
НАЈГОЛЕМАТА ПОДДРШКА НА ЦЕЛ
СВЕТ, СПОЛАЈ МИ ТИ ШТО БАШ ТИ СИ MOJOT TATKO. И СТО ПАТИ ДА СЕ РОДАМ ТЕБЕ ЌЕ ТЕ ИЗБЕРАМ.

My DAD is my HERO.

Да знаете од каде доаѓа оваа хероина. Од човекот кој што верувал во секој мој чекор, од човекот кој што со гордост и со најголемото лавовско срце кине и гризе за својата фамилија! Ете од таму сум, и не можам да сум помалце! He. Ќе блескам со цела моја душа и тело, за тебе чаленце мој!
ТЕ ЉУБАМ БЕСКОНЕЧНО!
СПОЛАЈ МИ ТИ!

Бетика