Почитувани, ве известуваме дека концертот MTV The Greatest Hits Vol.2, 03.02.2024 ќе започне од 19.30 часот. Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (29.01.2024) по цена од 400 денари, а истите можете да ги набавите од Тобако Димпо, Битола, локации: Ленски мост, Грозд, Нов пазар, секој ден од 07 до 23 часот.

Придружете ни се на ова музичко уживање каде ќе имате можност да ги слушате звуците на легендарните рок бендови што ја обликуваа музичката сцена во оваа ера, како што се Guns N’ Roses, Queen и многу други, а секако нема да заборавиме да се потсетиме и на Tina Turner, Michael Jackson, Madonna…

🗓️ 03.02.2024
🕛 19.30
📍Центар за култура, Битола