Почитувани!
Здружението за заштита и одгледување на птици ,,Билбил“ од Битола, по повод 4-ти Ноември и 25 годишнината од своето постоење, на 5 и 6-ти Ноември, организира ревијална изложба на украсни птици која ќе се одржи во НУ Завод и Музеј Битола .

На изложбата ќе бидат изложени повеќе раси на папагали, егзотични птици, канаринци и слично и ќе брои над 200 експонати.
Користиме прилика да Ве поканиме на свеченото отварање, кое ќе се одржи на 5-ти Ноември (сабота) во 11 часот.