Tехнологијата со ICG сентинел мапирање на лимфните жлезди кај карциноми на матката, во Болница Плодност ја применуваме веќе една година. Со оваа технологија која што единствено во Македонија се применува кај нас, докажавме дека ги следиме и сме во тренд со најновите светски достигнувања.

Како потврда на нашата иновативност, на конгресот на ESGO во Берлин, во центарот на вниманието беше оваа нова метода, а задоволството наше е огромно, бидејќи докажавме дека сме доследни во процесот на примена на најновата технологија. Еден дел од нашата екипа, предводен од д-р Синиша Трпчевски е присутен на овој конгрес, а другиот дел од тимот, предводен од д-р Христијан Трпчевски, во текот на вчерашниот ден изврши ICG сентинел лимф нод дисекција, по лапароскопски пат, со комплетно вадење на матката и обележаните (зафатени) лимфни јазли во мала карлица, кај 74 годишна жена. Од претходните, кај некои од пациентите направивме и ICG дисекција на сентинелните лимфни јазли околу двата најголеми крвни садови – аорта и вена кава.

Горди сме на нашите пионерски подвизи во македонската онколошка гинекологија.

Болница Плодност само уште еднаш, како и многу пати до сега, покажува дека е рамо до рамо со напредните европски центри за третман на карцином на ендометриум и карцином на грло на матка, со ICG сентинел и мапирање на лимфни жлезди.

Инаку, предноста за пациентките е пократко време на траење на операцијата, помалку интраоперативни компликации, побрзо опоравување на жената и одбегнување на создавање постоперативни лимфни цисти и отекување на долните екстремитети. За нас, бенефитот кој го имаат пациентите е најважен, бидејќи постоиме за да им дадеме најдобра услуга на пациентите.