Mint Fintech Group како лидер во финансиските решенија посветувајќи позитивно влијание на заедницата, преку донација и присуство на вработените се вклучи во овогодинешниот настан Food Drive, во организација на Црвениот Крст ОО Битола и ЛК Хераклеа.

Промовирајќи ги хуманите вредности Претседателката на Црвениот Крст Д-р Лилјана Ристевска се заблагодари на поддршката и повика и другите компании да го следат овој позитивен пример.

Претставниците на Mint Fintech Group се заблагодарија за поканата и најавија континуирана поддршка, додека од ЛК Хераклеа изјавија дека продолжуваат да ги негуваат вредностите на помагање на оние на кои им е најпотребно.